Реал Мадрид поведе против Хапоел Тел Авив

Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија од годинашната сезона во Евролигата против Хапоел Тел Авив откако вечерва славеа на домашен терен со 86-82.

„Кралевите“ покажаа кој е кој уште од самиот почеток па веќе по првата четвртина имаа позитива од 27-18. До крајот избраниците на Серџо Скариоло само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 86-82 и водство од 1-0 во серијата.

Кампацо со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 25 поени на Блејкни.

 

Се вчитува...