На ФИФА Конгресот: Палестинците пред целиот свет го понижија Инфантино (ВИДЕО)

Во Канада се одржа 76-от Конгрес на ФИФА, но не помина сè како што замислуваше првиот човек Џани Инфантино.

Говорејќи на повеќе различни теми, Инфантино потврди дека Иран ќе учествува на овогодинешното Светско првенство.

„Дозволете ми да потврдам уште на почетокот, за оние кои можеби сакаат да кажат или напишат нешто друго, Иран секако ќе учествува на Светското првенство оваа година. Секако, Иран ќе игра во САД. Причината е едноставна, бидејќи мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето.“

Сепак, вистинска драма се случи кога Инфантино се обиде да испрати симболичен гест поканувајќи ги Џибрил Раџуб од Палестина и Басим Шеик Сулиман од Израел да се појават заедно на сцената.

Неговиот потег, кој требаше да покаже единство преку заедничко фотографирање, не помина како што беше планирано, а токму таа реченица на Инфантино беше фатална.

Имено, Палестинците решија да го понижат Инфантино пред целиот свет, поточно пред сите официјални лица од преостанатите 208 земји во светот.

Раџуб одби да учествува во ова и ја напушти сцената, со што испрати јасна порака.

Секако, беше очигледно дека на Инфантино воопшто не му е пријатно со сè што се случи.

Се вчитува...