Кошаркарите на Њујорк ја победија Атланта на гости (140-89) и се пласираа во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата.
Никсите неочекувано лесно ги декласираа Хоксите во шестиот натпревар, а нивниот следен противник ќе биде подобриот од дуелот Бостон – Филаделфија (3-3 во моментов во серијата).
Најефикасни за Никсите беа Ануноби со 29 поени и седум скока, додека Бриџис додаде 24 поени со пет скока.
Бренсон имаше 17 поени и осум асистенции, Харт имаше 14 поени и пет скока, а Таунс имаше 12 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Кај скандалозната Атланта, Џонсон постигна 21 поен, со осум скока и шест асистенции, додека Александар-Вокер, Каминга и Меколум постигнаа по 11 поени.
Њујорк практично го реши натпреварот веќе во првата четвртина, кога отиде на +25. Предноста само растеше во текот на средбата, веќе во првото полувреме достигна неверојатни +51.
Во еден момент, резултатот на семафорот беше и 101-40! Атланта малку ја намали разликата, но не го избегна епскиот пробив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
