У-18: Македонија поразена од Србија на тестот во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија загуби од Србија со убедливи 3-0 на пријателскиот натпревар во Стара Пазова, кој беше дел од подготовките за настапот во квалификациите за ЕП.

Србија беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Домашните поведоа преку напаѓачот Маравиќ во 11. минута, а потоа стрелаше и Остојиќ во 52. минута за 2-0.

Сите дилеми ги разреши Ѓокановиќ со гол на средина од второто полувреме.

МАКЕДОНИЈА: Трајков, Назиф, Димовски, Талески, Сејменов, Ангелевски (к), Марковски, Џангаровски, Иљази, Танчев, Стаматоски.

Селектор: Димитар Капинковски.

Се вчитува...