Шокантни бројки: Над 12 милиони мадридисти се потпишаа на петицијата „Мбапе, оди си“!

Килијан Мбапе требаше да биде засилување од соништата за Реал Мадрид, но не само што „кралевите“ втора година по ред се без трофеј со францускиот голгетер во своите редови, туку тој почна да ги фрустрира сите со своето однесување.

Создадениот раздор во соблекувалната според многумина се должи токму на чудното однесување на екс-ѕвездата на ПСЖ, кој добива и повластен статус. Соиграчите и дел од стручниот штаб се бесни што тој среде сезона во која тимот бележи слаби резултати заминал на одмор и се слика во Италија, додека „кралевите“ ја губат трката за титулата со Барса.

Навивачи стануваат нетрпеливи, пред една седмица беше стартувана онлајн-петиција со наслов „Мбапе, оди си“, но никој не веруваше дека ова движење може да стигне до такви бројки, па до денеска веќе се собрани неверојатни 12,3 милиони лица.

Слоганот на петицијата гласи: Мадридисти, нека се чуе вашиот глас. Ако сметате дека промените се неопходни, немојте да мочите. Потпишите се на оваа петиција и дајте свој придонес за она што е најдобро за иднината на клубот. Мбапе, оди си“.

Се вчитува...