Екипата на Дубаи имаше сосема солидна дебитантска сезона во Евролигата, но богатиот клуб од ОАЕ веќе планира сериозни засилувања за летниот преодеон рок. Дубаи ќе ја користи кризата на Монако, па веќе се најавува дека е осигуран и првиот потпис од редовите на актуелниот европски вицепрвак, и тоа францускиот репрезентативец Ели Окобо.
За Окобо се интересираа уште неколку евролигаши, особено откако стана јасно дека кризата на Монако е огромна и дека плејмејкерот дефинитивно нема да остане меѓу „кнезовите“.
Дубаи неофицијално веќе го осигурал овој потпис, па Окобо до крајот на месецот и официјално ќе потпише договор на две сезони. Се очекува по негови стапки да тргне и крилниот центар Блосомгејм, кој се наоѓа многу блиску до потпис со амбициозниот евролигашки проект.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
