Ансу Фати и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Монако откако „кнезовите“ решија да ја активираат клаузулата за откуп на неговиот договор со Барселона.
Поранешната „десетка“ на Барса си замина од каталонскиот гигант во обид да ја врати кариерата во посакуваниот правец, а преселбата во Монако се покажа како вистински потег. Тој настапи на 28 средби за „кнезовите“, притоа постигнувајќи 11 погодоци во сите натпреварувања.
За управата на францускиот прволигаш немаше никаква дилема, клаузулата од 11 милиони евра ќе биде активирана, по што со шпанскиот напаѓач ќе биде потпишан четиригодишен договор.
Барса покрај отштетата, ќе има и клаузула од 20% од следниот трансфер на Фати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
