Силекс и Шкендија ќе играат финале во Купот на Македонија

Силекс и Шкендија Тетово ќе ги одмерат силите во големото финале на Купот на Македонија, откако прволигашките екипи ги добија денешните пресметки со ривалите од Втората лига, визирајќи си го билетот за големото финале.

Силекс имаше нерешени 1-1 по првиот дуел со Охрид, но кратовци со денешниот триумф од 1-0 стигнаа до посакуваниот исход во овој двомеч. Тимот предводен од Александар Васоски одигра беспрекорно во одбраната, па два гола во 180 минути игра им беа доволни за пласман во големото финале. Стрелец на тој „златен гол“ за Силекс на денешниот реванш беше Додев од пенал, откако претходно Алиќ не реализираше уште еден удар од белата точка за кратовци.

Шкендија Тетово славеше со 0-2 на гостувањето против Шкендија Арачиново, за пласман во големото финале од Купот на Македонија. Арачиновци добро парираа се до 86. минута, но тетовскиот клуб на крајот стигна до победата благодарение на головите што во самиот финиш ги постигнаа Спахиу и Нзенге.

Се вчитува...