Баерн Минхен брка негатива од еден гол на вечерашниот реванш со ПСЖ, па тренерот Компани очекувано повторно се реши за ултра-офанзивна постава, со Мусиала како плејмејкер зад офанзивното трио Олис – Дијаз – Кејн кое функционира беспрекорно од стартот на сезонава.
На спротивната страна, Луис Енрике е принуден на една измена, па така на местото на повредениот Хакими мора да игра Заир Емери, кој вообичаено е во средниот ред, но овојпат ќе помогне како десен бек. Неговото место во средината ќе му припадне на Фабијан Руиз, додека напаѓачкото трио е истото од првиот меч во Париз, Кварацхелија – Дуе – Дембеле.
БАЕРН: Нојер, Станишиќ, Лаимер, Упамекано, Тах, Павловиќ, Кимих, Мусиала, Олис, Дијаз, Кејн.
ПСЖ: Сафонов, Мендеш, Пачо, Маркињос, Заир Емери, Витиња, Невеш, Руиз, Кварацхелија, Дуе, Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
