Голем број фудбалери од Ирска се приклучија на кампањата со која се повикува на бојкот на натпреварот против Израел што треба да го играат во Лигата на нации.
Здружението „Ирски спорт за Палестина“ испрати отворено писмо до Фудбалската асоцијација на Ирска обвинувајќи го Израел за геноцид во Палестина, кршејќи ги статутите на УЕФА и ФИФА за дозволување на клубовите да играат домашни првенства надвор од нивната територија.
Ирска треба да го пречека Израел на 4 октомври во Даблин. Во писмото, насловено како „Стоп на играта“, се бара натпреварот да не се игра.
Интересно е што меѓу потписниците на оваа иницијатива, покрај бројните фудбалери од ирската лига, се и поранешниот тренер Брајан Кер и бројни јавни личности.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
