Центарот за Едукација на тренери ja комплетираше обуката и полагањето на 11. генерација тренери носители на УЕФА Ц лиценца

Центарот за Едукација на тренери на ФФМ го комплетираше вториот Модул од УЕФА Ц курсот (11 та генерација).

Модул исполнет со интензивна агенда – полагање на практичен испит согласно УЕФА конвенцијата за 25/26 со која на 33 кандидати им се даде можност да ги применат своите идеи, теми и принципи за подготовка и одржување на фудбалски тренинг за категорија до 12 години .УЕФА Ц лиценцата за фудбалски тренери претставува основна база на Центарот за Едукација од која ќе се црпат идните тренери носители на повисоко ниво на тренерска лиценца (УЕФА Б, УЕФА ГК Б, и УЕФА Фитнес Б лиценца.

Во позитивна работна атмосфера на отворањето на вториот Модул кандидатите ги презентираа работните задачи кои им беа дадени од едукаторите и инструкторите (членови на Центарот за Едукација).Сите 33 кандидати успешно го комплетираа овој курс и се стекнаа со УЕФА Ц тренерска лиценца Оваа прилика ја користиме да им изразиме благодарност на сите 33 кандидати, кои се пријавија на овој семинар .Тие несебично и максимално професионално си ги завршија своите работни обврски кои што ги добија од своите ментори.

Особено не радува фактот што на последниот објавен конкурс на официјалната страна на ФФМ се пријавија повеќе од 70 кандидати за овој тип на лиценца. Како Центар за Едукација на тренери и во иднина ќе се залагаме во делот на предавањата на теорија но и на практичниот дел – полагање на терен да го имплементираме се она што го налага УЕФА преку конвенцијата за тренери по која што работиме.

Благодарност и до инструкторите и едукаторите кои ги подготвуваа овие кандидати за полагање практичен испит (Борче Христов, Вујица Живковиќ, Жикица Тасевски, Менсур Јакупи, Гордан Здравков, Бобан Бабунски, Крсте Ѓоргиевски, Јовица Блажески и Магдалена Лекоска).

Значаен момент кој треба да се потенцира е континуитетот на пријавување на жени тренери. Вкупно 5 кандидатки беа дел од овој семинар. Воедно ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека УЕФА го субвенционира учеството на сите кандидатки кои ги исполнуваат условите да конкурираат за жени тренери.

Кандидатите со нивната мотивираност, посветеност и желба за докажување во текот на целиот семинар покажаа силни тренерски амбиции со надеж дека ќе продолжат со нивната едукација и во иднина (истакнаа од Центарот за Едукација на тренери). ФФМ на сите учесници на овој семинар за УЕФА Ц лиценца им упатува честитки за нивната посветеност, и заложбите за континуиран развој и унапредување на тренерската професија во Македонија.

Се вчитува...