Осмиот рангиран тенисер во светот, Австралиецот Алекс де Минор, беше елиминиран во третото коло на Мастерсот во Рим, откако беше поразен од 106-тиот рангиран играч во светот, Италијанецот Матео Арналди, со 6:4, 6:7, 4:6.
Мечот траеше два часа и 57 минути. Ова е прв пат Италијанецот да стигне до третото коло во Рим.
Де Минор го доби првиот сет со 6:4, но Италијанецот се држеше и играше сè подобро и подобро како што одминуваше мечот. Вториот сет беше решен во тај-брејк – се играше поен за поен до 4:4, а потоа Арналди ја презеде иницијативата и го доби 13-от гем со 7:5.
Големата борба продолжи и во 3-от сет, кој беше решен со брејк во деветтиот гем што го направи домашниот натпреварувач.
Арналди во третото коло ќе игра против 34-тиот рангиран тенисер во светот, Шпанецот Рафаел Ходаро, кој денес во второто коло го победи Португалецот Нуно Борхес во два сета, 7:6, 6:4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
