ФИФА одлучи: Тиквеш доби забрана за регистрирање фудбалери

Екипата на Тиквеш нема да смее да регистира нови фудбалери на меѓународно и на национално ниво, поради неисполнети обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Михаљевиќ поднесе тужба до светската куќа на фудбалот ФИФА за неисполнети обврски, со што на кавадаречкиот тим нема да му биде дозволено да има нови регистрирани играчи.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА, на ГФК Тиквеш Кавадарци му е изречена забрана за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ.

Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно подмирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската федерација на Македонија веднаш да ја имплементира одлуката и на национално ниво. Фудбалската федерација на Македонија ќе постапи согласно правилата и одлуките на ФИФА“, стои во објавата на ФФМ.

Се вчитува...