Хорхе Мартин излезе како победник од денешната спринт-трка на патеката Ле Ман, издание што го одбележа страшниот пад на поранешниот светски првак Марк Маркез.
Шпанецот ја загуби контролата над моторот излегувајќи од патеката по што и тој и моторот се свртеа во воздух некоку пати пред стјуардите да дотрчаат и да му пружат прва помош на големиот ас.
За среќа, состојбата му беше стабилна и тој не мораше да биде пренесен во болница, но шпанските медиуми информираат дека Марк се жалел на силна болка во пределот на стопалото, поради што за попладнево се закажани детални лекарски прегледи.
AN ABSOLUTELY MASSIVE CRASH for @marcmarquez93 💥
Thankfully he’s up on his feet #FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/gyPcleGMFZ
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
