Алфа Диало игра во одлична форма во дресот на Монако, крилниот кошаркар беше избран за најдобар дефанзивец во Евролигата, па неслучајно доби бројни понуди за продолжување на кариерата откако стана јасно дека нема да остане меѓу „кнезовите“.
Барселона веруваше дека е победник во трката за потписот на Диало, начелно беа договорени условите за двогодишна соработка, но овој трансфер пропадна во „пет до дванаесет“, откако Дубаи тргна во офанзива и успеа да го убеди овој ас да се приклучи на амбициозниот проект.
Француските медиуми тврдат дека одлуката е донесена, а Диало веќе ги известил и челниците на Барселона дека нема да му се приклучи на каталонскиот гигант.
Дубаи го договори и доаѓањето на Блосомгејм од Монако, а во завршна фаза се преговорите на уште еден кошаркар на „кнезовите“, францускиот репрезентативец Ели Окобо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
