ВАР го спаси Арсенал – Тросар донесе триумф, поништен гол за Вест Хем во 95. минута (ВИДЕО)

Арсенал ита кон титулата во Премиерлигата, триумфирајќи во 36. коло на гостувањето против Вест Хем со 0-1, со гол во самиот финиш од мечот.

Па, на две кола до крајот на шампионатот, „топчиите“ сега повторно се на пет бода предност во однос на Манчестер сити, кој има и натпревар помалку.

Победа за Арсенал ја донесе Тросар со голот во 83.минута од средбата.

Но, во 95.минута од средбата имаше вистинска драма, откако Вест Хем постигна гол за израмнување, но истиот потоа беше поништен по ВАР интервенција поради прекршок над гостинскиот голман.


Се вчитува...