КАКВА ДРАМА: Рома со гол од пенал, по ВАР, во 101. минута ја победи Парма (ВИДЕО)

Рома, на две кола до крајот на првенството, останува во битката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите откако на гостувањето против Парма славеше со 2-3, во повеќе од драматичен меч кој го решија со два гола во судиското продолжение.

Рома прва поведе со голот на Мален уште во 22. минута.

Но, домашните израмнија преку Стрефеца во 47. минута, а Кеита во 87. минута постигна гол и за водство на Парма од 2-1.

Сепак, во четвртата минута од судиското продолжение, Рома со голот на Ренш, успеа да дојде до 2-2.

А, потоа вистинска драма. Во деветтата  минута од судиското продолжение, прекршок пред голот на Парма, судијата најпрво не досуди ништо, но по интервенција на ВАР, се одлучи на удар од белата точка кој успешно го реализираше Мален во 101. минута за конечни 2-3.


Се вчитува...