„Да бев магионичар ќе останев во Барса“

Маркус Рашфорд го оправда епитетот засилување за Барселона, но сè уште не е познато дали ќе биде купен од Манчестер Јунајтед, поради финансиски тешкотии.

По триумфот во Ел Класико против Реал, каде што англискиот напаѓач постигна гол, тој зборуваше за својата иднина.

„Не знам што да ви кажам… Да бев магионичар, ќе останев во Барселона“, рече искусниот напаѓач.

Маркус Рашфорд верува дека Барса ќе продолжи да бележи одлични резултати уште долго време.

Се вчитува...