Скалони го објави поширокиот список – На него нема место за Дибала

Селекторот на актуелниот светски шампион Аргентина, Лионел Скалони, го објави поширокиот список од 55 фудбалери на кои ќе смета за претстојното Светско првенство 2026.

Како што се очекуваше, на чело на тимот е капитенот Лионел Меси, но списокот предизвика бура во јавноста поради отсуството на неколку големи ѕвезди. Најголемото изненадување е изоставувањето на членот на Рома, Пауло Дибала, како и на искусниот Анхел Кореа.

Наместо нив, Скалони им укажа доверба на нови имиња како Франко Пелегрино (Парма) и Матијас Суле (Рома), најавувајќи тактичко освежување на тимот. Конечниот список од 26 патници за Мундијалот ќе биде познат до крајот на мај.

Се вчитува...