Адан ли е, Кариус ли е: Голманот на Спортинг прими гол по негова вина, а потоа доби исклучување (ВИДЕО)

Антонио Адан, голманот на Спортинг има вечер во Марсеј која ќе сака брзо да ја заборави, но тешко дека тоа ќе се случи. Чуварот на мрежата на Спортинг имаше многу причини за радост во 1. минута откако Тринкао донесе водство за гостите.

Меѓутоа во таа „фамозна“ 13-та минута се тргна наопачки. Најпрво направи грешка „а-ла Кариус“, и му подари гол на Санчез, потоа прими и втор гол. Откако излезе од игра, веднаш Марсеј постигна и трет гол и води со 3-1.

Сепак, неговата бледа партија продолжи, и во 23. минута играше со рака надвор од шеснаесетникот, при што доби црвен картон. Навистина кошмарна вечер за голманот на Спортинг во Марсеј.

Се вчитува...