Адеми и покрај силните удари и болки издржа до крај: Вредеше… За да и покажеме на Европа, но и на самите себе, дека можеме да победиме секого!

Аријан Адеми уште еднаш потврди од колкаво значање е за македонскиот состав. Еден од најдобрите фудбалери од средниот ред кој го облекол репрезентативниот дрес во историјата, уште еднаш меѓу највпечатливите на терен. Издржа и до крај во желбата до крај да се помогне на соиграчите за запишување на историјата.

„Ова е голема победа за сите нас, некако верувавме во тоа и заслужено стигнавме до триумфот. Беше тешко, нема збор, но кога човек верува и може сето тоа да го оствари. Создадовме една добра генерација, па зошто и да не ја победиме Германија“ – вели Адеми ден по триумфот од 1-2 во Дуисбург, веднаш дополнувајќи:

„Победата ни беше повеќе од важна да и покажеме на Европа, но и да си покажеме на самите себе, дека можеме до победа буквално против секоја репрезентација. Беше неопходно и за наша поголема самодоверба. На Европското првенство не очекуваат Украина, Австрија, Холандија и верувам дека ќе се надигруваме и со нив максимално. Свесни сме сега повеќе дека навистина сме добри и тоа е најважно“.

Доби сериозни удари по кое беше под знак прашање и твоето присуство на терен во второто полувреме. Но, издржа до крај.

„Да, имам баш сериозни удари и со расекотини на ногата, но мораше да се издржи до крај. Мислам дека ќе биде добро без посериозни последици, за неколку денови ќе бидам како нов“.

Ако треба да се издвои фудбалер од германската селекција?

„Тоа е Гундоган. Не поради голот, но се гледа дека играчки е над сите други“ – вели Адеми.

Се вчитува...