Адеми и Ристовски поразени во Милано (ВИДЕО)

Адеми и Ристовски и нивниот Динамо Загреб го забележаа првиот пораз во новата сезона во Лигата на шампионите откако загубија на гостувањето кај Милан со 2-1. „Росонерите“ до водство стигнаа со голот од пенал на Оливие Жиру во 45. минута.

На стартот на второто полувреме домаќините зголемија на 2-0 со голот на Салемакерс во 47. минута. Оршиќ во 56. минута намали на 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Томазо Побега во 77. минута.

Двајцата македонски репрезентативци Адеми и Ристовски стартуваа од првата минута на „Сан Сиро“. Адеми го одигра целиот меч, додека Стефан Ристовски беше заменет во 78. минута.

Во вториот меч од терминот од 18.45 часот Шахтјор и Селтик одиграа без победник 1-1.

Milan [3] – 1 Dinamo Zagreb – Tommaso Pobega 77′ from soccer

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...