Адеми: Никогаш нема да ја заборавам неверицата на лицата на соиграчите, зар ги „тепавме“ Германците на нивни терен?!

Фудбалска Европа сеуште е во „делириум“ по победата на Македонија на гостувањето во Дуисбруг против Германија со 2-1 во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Победа со која „црвено-жолтите“ ставија крај на низата од 20 години без пораз на составот на Јоаким Лев.

Македонските фудбалери се топ тема во државите каде бројот клупски настапи, а меѓу нив е и Аријан Адеми. Играчот за врска имаше клучно додавање при вториот гол на Елмас, а во интервју за 24sata.hr, играчот на Динамо Загреб изнесе неколку интересни факти за случувањата на теренот и она што дефинитивно нема да го заборави по победата.

„Нема да ја заборавам неверицата на лицата на соиграчите кога судијата засвири крај. Како сами себе да се прашувавме, зар е можно дека ги „тепавме“ Германците на нивни терен. Но, и они беа исклучитено коректни. Тоа се професионалци кои знаат да се однесуваат согласно со репутацијата. Сите ни честитаа. Да кажеме дека ова е една по подрагите победи. Имаше натпревари со Динамо и репрезентацијата кои беа во овој ранг“, истакна Адеми, па додаде:

„Пуштете го тоа ‘ги надигравме’ и слично. Имаше Германија прилики и не беше воопшто така лесно како што се прикажува. Тоа се топ играчи, фаворити за освојување на секое натпреварување на кое ќе се појават, но не се ниту вонземјани“

– Ma pustite vi sada to “nadigrali smo ih” i slično. Imala je Njemačka svoje prilike i nije to bilo baš tako lako kako se želi pokazati. Sve su to top igrači, favoriti za osvajanje svakog natjecanja na kojem se pojave, ali nisu vanzemaljci.

Во првиот натпревар од квалификациите избраниците на Ангеловски беа поразени на гостувањето од Романија, па ретко кој веруваше дека малата Македонија ќе ја совлада една од најмоќните репрезентации во светот. Но, како што вели Адеми, тоа е убавината на фудбалот.

„Тоа е фудбалот. Затоа е најдобрата работа на светот. Патуваш за Германија, никој не ти дава шанса, а потоа се враќаѓ со три бода. Но, оваа победа ќе значи нешто дури тогаш кога ќе ја оствариме конечната цел. Што вредат овие три бода, доколку не ги земем и оние каде што треба да славиме“, додава капитенот на Динамо.

Се вчитува...