Агентот на Федерер ги откри плановите на Швајцарецот

Агентот на Роџер Федерер, Тони Годсик потврди дека швајцарскиот тенисер во сезоната на земја ќе игра само на Ролан Гарос. Претходните денови имаше шпекулации, дека Швајцарецот би можел да се појави и на Мастерсите во Рим и Мадрид, меѓутоа до тоа нема да дојде.

„Неговиот распоред кажува дека планира да игра само на Ролан Гарос“, изјави Годсик. 

Роџер веќе неколку години наназад ги пропушта скоро сите турнир на земја, а се во цел како подобри би се подготвил за сезоната на трева. Во претходните четири години тој само еднаш учествуваше на Ролан Гарос.

Се вчитува...