Агим Ибраими во најдобриот тим на Марибор за последните 30 години

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими е избран во најдобриот тим на словенечки Марибор за последните 30 години, од 1991 па се до 2021 година.

Ибраими настапуваше за Марибор од 2011 до 2016 година, притоа оставајќи силна трага како еден од клучните фудбалери на тимот во освојувањето на три шампионски титули во Словенија, а беше дел со Марибор и од групната фаза на Лигата на шампионите.

Македонскиот фудбалер одигра вкупно 168 натпревари во дресот на Марибор.

Се вчитува...