Агуеро мина без казна од ФА на Англија по тепачката со навивачот на Виган

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро мина без казна од ФА на Англија по инцидентот што го имаше со еден навивач на Виган во ФА купот. По сензационалната елиминација на „граѓаните“, се изроди инцидент, но комисијата не најде вина кај Агуеро.

Деталната видео снимка покажала дека Аргентинецот бил провоциран од неколку фанови на домашниот тим, дел од нив почнале и физички да го напаѓаат, по што Агуеро откако бил и плукнат реагирал во самоодбрана. По ова, Агуеро ќе му биде на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола за неделното финале против Арсенал во рамките на Лига-купот на Англија.

Се вчитува...