Ајнтрахт до Баерн: Коло Муани вреди 100 милиони евра

Коло Муани е на „радарот“ на Баерн Минхен. Најтрофејниот германски клуб во јуни ќе ангажира елитен голгетер, а еден од изборот е францускиот напаѓач кој игра одлично во Ајнтрахт Франкфурт.

Во меѓувреме Ајнтрахт ја одредија сумата која ќе ја бараат за напаѓачот. Веројатно од тимот од Франкфурт им порачале на челниците на „Баварците“ дека треба да искешираат 100 милиони евра, ако сакаат да го добијат потписот на Муани.

Германските медиуми во последните денови шпекулираат дека Баерн бил подготвен да понуди меѓу 70 и 80 милиони евра, што ќе биде недоволно за ангажман.

Муани има договор до 2027 година, а го сврте вниманието кон себе со одличните игри оваа сезона во дресот на Ајнтрахт, по што се најде и во француската репрезентација за Мундијалот во Катар. На крајот имаше шанса да го реши финалето откако во 123 минута промаши „зицер“, односно Мартинез му одбрани.

Се вчитува...