Ајнтрахт Франкфурт со гол во судиското надополнување стигна до победа (ВИДЕО)

Тимот на Ајнтрахт Франкфурт, стигна до минимален триумф над Гројтер Фурт со 1:2, со гол буквално во последните секунди од мечот.

Сите возбудувања на мечот се случуваа во вториот дел, во последните 15 минути. Роде во 75. минута донесе водство, а Итен израмни во 92 минута. Сепак, во 94. минута Боре постигнува гол за голема радост на фудбалерите на Ајнтрахт.

Гројтер и натаму останува на еден бод освоен во досегашните 11 кола од Бундеслигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...