Академија Пандев пролетва ќе биде домаќин во Турново: Не се договорија за јадењето со газдата на Беласица?!

Македонскиот прволигаш Академија Пандев во пролетниот дел од сезоната нема да биде домаќин на стадионот „Младост“ во Струмица, туку ќе се пресели на „Кукуш“ во Турново. Причината е непостигнатиот договор со раководството на Беласица, кое е концесионер на стадионот „Младост“.

„Академија Пандев оваа пролет го пријави за домашен терен стадионот „Кукуш“ во Турново, а причина за тоа е малку неспортска, не сме задоволни од финансиските услови што треба да ги платиме на концесионерот, ФК Беласица. Тие изнесуваа 725.000 денари за десет натпревари, и за наредните десет натпревари ни побараа зголемување на оваа сума“, изјави Југослав Тренчовски од Академија Пандев.

Сопственикот на Беласица, Славчо Васков – Пинда, откри дека сепак двата клуба не се договориле за „јадењето“.

„Ајде да бидеме транспарентни. Со Академија Пандев се договоривме да плаќаат по 1.000 евра + ДДВ од натпревар, но во договорот стоеше и нивните фудбалери да јадат кај нас во ресторанот на стадионот „Младост“. Во секој случај, стадионот има големи трошоци. Тоа ти е пазарна економија… Матеничаров рече дека тимот Академија Пандев од 2018 година ќе се храни во нашиот ресторан, но потоа договорот не го испочитуваа“, изјави сопственикот на Беласица за ТВ канал „Вис“.

Се вчитува...