АТП и ВТА сезоната засега официјално се стопирани до 8. јуни поради пандемијата од коронавирусот, но за жал се поизвесно е дека нема да се игра тенис и по тој датум. Постои голем ризик да не се одржи ниту еден турнир на трева, вклучувајќи го и Вимблдон. Решенија се бараат, а едно од можните е сезоната да биде продолжена и за првпат по многу години тенис да се игра и во месец декември.
„Тоа што е сигурно во моментов е следното – Ако се игра тенис годинава и АТП и ВТА планираат да играат скоро до крајот на декември, кога инаку е пауза во сезоната како би можеле да се одиграат што е можно повеќе турнири“, пренесуваат американските медиуми.
Почетокот на Вимблдон е планиран за 29. јуни, но според моменталната ситуација се чини и дека турнирот во Лондон ќе биде одложен или откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА