Алаба го убедува Гнабри да дојде во Реал Мадрид

Шпанските медиуми најавуваат дека летово може да дојде до нов трансфер од Баерн Минхен во Реал Мадрид. Станува збор за крилото Серж Гнабри, кој ја одбил првата понуда за продолжување на договорот со „Баварците“.

Според медиумите, главен адут за овој трансфер е Давид Алаба, кој што летово од Баерн се пресели во таборот на „кралевите“, и сега го убедува Гнабри да го избере тимот на „кралевите“.

Гнабри има договор до 2023 година со Баерн, и ако сака да го ангажира, Реал ќе треба да плати отштета од најмалку 60 милиони евра. „Кралевите“ би обезбедиле голем дел од оваа сума од продажбата на Еден Азар, кој летово сигурно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...