Алегри: Ова е предизвик – кога е потешко, тогаш е послатко

И дефинитивно Масимилијано Алегри ќе остане тренер на Јувентус, и покрај вчерашниот срамен пораз од Макаби Хаифа во Лигата на шампионите. Срамен беше резултатот од 2-0, но срамна беше и играта на најтрофејниот италијански тим кој што сега „виси“ за следната фаза во Лигата на шампионите.

Алегри ги „измеша лончињата“ вчера во Израел, па ги погреши и позициите на играчите. Така Ругани во еден момент играше десен бек, а влегувањето на Костиќ целосно ја покажа немоќта на Алегри. Србинот откако влезе прво играше лево крило, па едно време како последен играч за врска, на крај заврши и како бек.

Откако вчера Ањели му даде целосна поддршка на Алегри, и самиот тренер после мечот кажа дека нема намера да се откаже.

„Нема да остапам, апсолутно. Оваа ситуација е предизвикувачка. Кога е потешко, тогаш е послатко“, рече Алегри после вчерашниот пораз. 

Се вчитува...