Алек Јончевски и Гостивар, крај на „љубовта“

Алек Јончевски од денеска повеќе не е тренер на Гостивар, одлучи управата на клубот по серијата слаби резултати на „сино-белите“ на крајот од Првата лига и почетокот од Супер-лигата. Тој издржа една година како тренер на Гостивар, откако дојде на оваа функција во април 2021 година.

Гостиварци немаа среќа бидејќи непосредно пред стартот на Супер-лигата останаа без помошта на главниот играч Ворку, кој заработи тешка повреда, а новото засилување Ренсом не е доволно кадарно за да биде достојна замена за Американецот. Гостивар загуби на домашен терен од Феникс во второто коло од разигрувањето за титулата, по што управата се реши да ја прекине соработката со успешниот стручњак.

Целта на гостиварци е јасна, да се обезбеди влез во Топ 4 и во полуфиналето од плејофот, па се очекува во најскоро време да биде објавено и името на наследникот на Јончевски.

Се вчитува...