Алекс Сандро потпиша – во Јуве до 2023 година

Алекс Сандро ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор со Јувентус, со важност до 2023 година. Актуелниот договор на левиот бек истекуваше во јуни 2020 година, во меѓувреме интерес за неговите услуги искажаа Челси, Манчестер јунајтед и ПСЖ, но „старата дама“ реагираше благовремено, „врзувајќи“ го Бразилецот за дополнителни три сеззозни.

„Од првиот ден кога дојдов најавив дека ќе дадам 100% од своите можности за да победуваме. Го остварив тоа, а сега сакам да продолжиме во ист стил и во периодот што следи“ – истакна Алекс Сандро.

Бразилскиот интернационалец дојде во Јуве од редовите на Порто и веднаш се наметна како прва опција на позицијата лев бек. Тој досега освои три скудета и три трофеи во Купот на Италија, одигрувајќи 134 натпревари во дресот на „старата дама“, притоа постигнувајќи девет погодоци.

Се вчитува...