Алиоски: Македонија го обезбеди најголемиот триумф во историјата, сега се надеваме на уште поголеми успеси!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа запиша историска победа од 1-2 против Германија во Дуисбург и со право стана главна тема во европските медиуми, а оваа победа донесе усште поголема мотивација и самодоверба кај македонските фудбалери.

Езгјан Алиоски за германските медиуми изјави дека ова е најголемиот триумф на Македонија во историјата, па тој најави дека допрва ќе следуваат големи успеси за нашата репрезентација.

„Успеавме да победиме репрезентација со голема историја, со многу европски и светски титули. Издржавме тежок натпревар, но тука не е крајот. Ни следат нови натпревари, а Македонија сега се надева на многу повеќе по овој триумф“, вели Алиоски.

Се вчитува...