Алиоски на твитер: Прекрасен начин да се заврши годината

Џани Алиоски има година за паметење, со Лидс успеа да влезе во ПРемиер-лигата, со Македонија се пласираше на ЕВРО 2021, а сега во месец декември нашиот репрезентативец успеа да ги постигне и првите два премиерлигашки погодоци.

По евроголот на гостувањето против ВБА до Алиоски стигнуваат комплименти од сите страни, но Џани останува скромен, на својот профил на твитер постирајќи слики од прославата на победата со порака: Прекрасен начин да се заврши 2020 година…

Останува да видиме дали Алиоски ќе ја почне новата 2021 година со потпис на нов договор со Лидс, нешто што се најавува веќе извесно време, а што македонскиот репрезентативец со игрите апсолутно го заслужува.

Се вчитува...