Алкараз без проблеми го победи Вукиќ за трето коло на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без поголеми проблеми во три сета славеше против Австралиецот Александар Вукиќ во второто коло на Вимблдон.

Алкараз наиде на малку поголем отпор во првиот сет кој го доби по тај-брејк со 7-6 (5), а потоа целосно доминираше добивајќи ги следните два сета со 6-2 и 6-2.

Шпанецот во првото коло го елиминираше Марко Лајал, исто така со убедлива победа од 3-0 во сетови.

Се вчитува...