Алкараз емотивен по првиот трофеј на Ролан Гарос: Без моето семејство немаше да бидам тука…

Шпанецот Карлос Алкараз го освои првиот трофеј на Ролан Гарос откако во големото финале триумфираше по маратонски меч против Александер Зверев со 3-2.

Младиот тенисер не го криеше задоволството од успехот, а шансата да се обрати пред публиката ја искористи да им се заблагодари на сите инволвирани во неговиот раст и развој, поготово неговото семејство.

„Изминатиот месец беше неверојатен. Имав проблем со повреди, беше неизвесно дали воопшто ќе настапам на Ролан Гарос, но целиот мој тим беше со мене. Знам дека ова ќе ми помогне да постанам подобар играч и им благодарам за тоа. Сакам да кажам нешто и за моето семејство, горд сум на мојата мајка, татко, брат, што беа тука за мене. Знам дека почесто ме гледаа од далеку, но вредеше. 

Секогаш беа тука да ме носат дома по училиште, секогаш беа тука покрај мене и ова е убава прилика да им се заблагодарам. Им благодарам на сите кои беа дел од овој турнир, без нив немаше да биде возможен, сите сте важен дел од него. И благодарам и на публиката која направи нешто посебно. Им благодарам за тоа“, изјави Алкараз.

Се вчитува...