Карлос Алкараз продолжува со одличните партии сезонава на вториот гранд-слем турнир во годината Ролан Гарос. Шпанецот се пласираше во осминафиналето откако вечерва со максимални 3-0 по сетови 6-4, 7-6 и 6-3 славеше над Американецот, Себастијан Корда.
Корда пружи силен отпор против големиот фаворит, но освен тоа што го одведе вториот сет во тај-брејк не успеа да направи ништо повеќе на овој меч.
Во осминафиналето Карлос Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Американецот, Бен Шелтон и Канаѓанецот, Феликс Оже-Алиасим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА