Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го доби маратонскиот меч од четири часа и 20 минути против Александер Зверев во финалето на Ролан Гарос со што се закити со првата титула на грен-слемот во Франција.
Тоа е трета грен-слем титула за Шпанецот по успехот на УС Опен и Вимблдон со што стана најмладиот тенисер кој освоил титула на сите три подлоги на грен-слемовите.
Тоа го направи на возраст од 21 година и 35 дена, со што стана четвртиот најмлад тенисер кој му поминато тоа од рака оставајќи ги зад себе Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Побрзо до овој успех стигнаа само Бјорн Борг (20 години и 27 дена), Матс Виландер (20 години и 109 дена) и Рафаел Надал (21 година и седум дена).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА