Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на Ролан Гарос откако во пет сета славеше со 3-2 (2-6, 6-3, 3-6, 6-4 и 6-3) против Италијанецот, Јаник Синер.
Еден натпревар кој разочара бидејќи имаше големи очекувања, а веројатно и еден од најдосадните големи мечеви кои се играле во пет сета на некој гранд-слем. Двајцата тенисери повеќе грешеа отколку што погодуваа. Интересно е тоа што двајцата тенисери како да немаа енергија целиот меч, а вкупно заедно имаа 102 неизнудени грешки.
Првиот сет Алкараз не се ни појави па Синер го освои со лесни 6-2. Италијанецот одлично го отвори и вториот, но следуваше и неговиот пад за 6-3 за Алкараз и израмнување на 1-1. Следните два сета поминаа исто како и првите два. Двајцата тенисери си поделија по еден, па мечот замина во одлучувачкиот петти сет. Таму, Алкараз беше подобар славејќи со 6-3 за конечни 3-2.
Во финалето тој за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Германецот, Александар Зверев и Норвежанецот, Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА