Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако вечерва го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со најубедливиот резултат од 3-0. Шпанецот, кој е сега еден од главните фаворити за освојување на овој турнир, по откажувањето на Ѓоковиќ, имаше проблеми само во вториот сет.
Првиот Алкараз го доби со 3-6, додека во вториот мораше да мине преку тај-брејк. Во третиот успеа да го скрши отпрото на Гркот, и да го добие сетот со 6-4.
Во полуфиналето ќе игра со италијанскиот тенисер Јаник Синер. Во полуфиналето и тоа без борба ќе се најде и Каспер Руд, кој требаше да игра со Ѓоковиќ, но Србинот најави дека ќе се повлече. Четвртиот патник во полуфиналето ќе го даде дуелот Зверев – Де Минор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА