Алкараз: Се надевам дека ќе го надминам Ѓоковиќ, но засега сум задоволен и со три гренслем титули

Карлос Алкараз го освои третиот грен-слем во кариерата, прв на Ролан Гарос откако во големото финале во Париз славеше по маратонски меч кој траеше повеќе од четири часа над Александер Зверев со 3-2.

По мечот младиот Шпанец говореше за медиумите од кои беше запрашан дали тргнува по рекордот на Новак Ѓоковиќ од 24 освоени грен-слем титули.

„Се надевам. Разговарав со Хуан Карлос пред ова финале и тој ми кажа „Ќе се бориш за трета грен-слем титула по се што помина. Знаеш колку е тешко да освоиш слем, а Новак ги има 24“. Не можам да размислувам за тоа премногу бидејќи долг е патот. Се надевам дека ќе дојдам до 24, но засега сум задоволен и со три“, вели Алкараз.

Се вчитува...