Алкараз во маратонски меч го совлада Зверев за прва титула на Ролан Гарос

По маратонски меч кој траеше четири часа и 20 минути шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 3-2 против Александар Зверев за прва шампионска титула на Ролан Гарос.

Првиот сет заврши со победа од 6-3 на Алкараз, но Зверев возврати со идентична мера славејќи со 6-2 за изедначување, а потоа и успеа да ја превземе предноста откако во третиот сет го доби тај-брејкот со 7-5.

Шпанецот сепак не се предаде, одигра доминантно до крајот, славеше со 6-1 во четвртиот сет, а потоа со 6-2 во одлучувачкиот петти сет за трет грен-слем трофеј во кариерата.

Се вчитува...