Голем трансфер во шпанскиот фудбал е на повидок… Барселона сака да го доведе Хулијан Алварез, но неговиот клуб Атлетико Мадрид одби понуда вредна сто милиони евра.
Наводно, Барса веќе се договорила со Аргентинецот, кој е подготвен да започне ново поглавје во својата кариера, две години откако се пресели од Манчестер сити во мадридскиот клуб во трансфер вреден 95 милиони.
„Најдоброто нешто за мене е трансферот, сакам да го исполнам мојот сон“, рече 26-годишниот Алварез, кој моментално е на Светското првенство со репрезентацијата на Аргентина.
Минатата сезона постигна 20 гола во сите натпреварувања за Атлетико, интересно е што имаше повеќе во Лигата на шампионите (10) отколку во Примера (8).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
