Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, ја коментираше одлуката на клубот да го испрати Андре Онана на позајмица до крајот на сезоната.
Тој не изгледаше самоуверен на голот на Јунајтед на почетокот на оваа сезона. Се повреди на почетокот на сезоната, а потоа направи две грешки во шокантната елиминација од Гримсби во Лига купот. „Црвените ѓаволи“ испаднаа од тим од четвртата дивизија за прв пат во историјата, а Онана очигледно заврши со Јунајтед.
Малку е веројатно дека ќе се врати во клубот кога ќе му истече позајмицата на крајот од сезоната, иако неговиот договор важи до 2028 година. Рубен Аморим вели дека разговарал со Онана и дека ја донеле одлуката „заедно“.
„Квалитетот е тука, но во овој клуб притисокот е толку голем што понекогаш ви е потребна промена. Тешко е да се објасни зошто. Тоа е поради играта, различните моменти, лошата среќа. Тешко е и за него и за нас. Му посакувам на Андре се најдобро, понекогаш можеш да го имаш целиот квалитет на светот, но мора да ја промениш средината за да се вратиш на твоето ниво. Тоа беше чувството, не само за нас, туку и за Андре“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

