Аморим купува 16-годишен голман

Манчестер Јунајтед е блиску до реализација на трансферот на 16-годишниот голман Чарли Харди, кој брани за кадетскиот тим во  Дерби Каунти, објавија британските медиуми.

Талентираниот голман досега има пет настапи за кадетската репрезентација (У-16) на Англија. Младиот голман ќе се приклучи на младинскиот тим на „Црвените ѓаволи“.

Голманите кои доаѓаат низ младинскиот систем на Манчестер Јунајтед ретко добиваат можност да бранат за првиот тим на „Олд Трафорд“. Во последните 40 години, само Дин Хендерсон (28), сегашниот голман на Кристал Палас, доби можност да брани за првиот тим на Јунајтед. Во сезоната 2020/21, тој одигра 26 натпревари, а потоа беше истиснат од позицијата прв голман од Шпанецот Давид де Хеа.

Двајца талентирани голмани, 21-годишниот Чех Радек Витек и 19-годишниот Ели Харисон, сè уште не добиле шанса да бранат за првиот тим на Јунајтед. И двајцата се на позајмица, Витек е прв голман на второлигашот Бристол Сити, а Харисон брани за четвртолигашот Шрусбери Таун.

Се вчитува...