Aморим: Ниту папата не може да ја промени мојата формација

Манчестер Јунајтед не може да заигра подобро ниту во новата сезона, а Рубен Аморим не сака да се откаже од својата филозофија на играта.

Аморим е под голем притисок, и од јавноста и од навивачите на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ не можат да добијат ветер во грбот, лошите резултати продолжуваат да доаѓаат, а медиумите исто така гледаат многу вина во формацијата на Аморим 3-4-3.

Португалецот не отстапува од формацијата со тројца играчи во задната линија, а кога го прашале дали можеби размислувал да ја промени, Аморим изјавил:

„Не, не, не. Никој не може да го промени тоа за мене, дури ни папата. Тоа е моја работа, моја одговорност. Тоа е мој живот. Поради таа причина, нема да променам ништо“, рече Аморим.

Се вчитува...