Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим откри кој ќе го чува голот на дербито со Манчестер Сити викендов. Јунајтед има сега двајца голмани на располагање по заминувањето на Андре Онана на позајмица во Трабзонспор.
Аморим треба да бира помеѓу Алтај Бајиндир, кој досега го чуваше голот на тимот од Олд Трафорд и не се прослави баш најдобро, како и Сене Ламенс кој пристигна неодамна.
Аморим откри дека на голот ќе застане толму турскиот репрезентативец Бајиндир кој треба да ја продолжи низата на настапи за Манчестер, додека Ламенс ќе чека шанса од клупата. Претходно беше најавено дека токму Ламенс е донесен во тимот да биде прв избор на Аморим, но ќе мора да почека друг меч за своето деби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

