Ана Ивановиќ донираше респиратори за Србија

Поранешната тенисерка број еден во светот која е амбасадорка на УНИЦЕФ, Ана Ивановиќ со донација на респиратори помогна во борбата против коронавирусот во Србија. УНИЦЕФ донираше 50 респиратори и медицинска опрема, 35 респратори платила Ивановиќ.

Ивановиќ беше активна во тенисот до 2016 година. Најдобриот период во кариерата го имаше во 2008 година кога ја освои титулата на францускиот грен-слем, Ролан Гарос. Тогаш успеа и да се искачи на првото место на ВТА листата. Во брак е со Бастијан Швајнштајгер.

Србинката е амбасадорка на УНИЦЕФ од 2007 година и активно учествува во хуманитарните активности на организацијата посветена на зашита на децата.

Се вчитува...